23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Малолетник со тешки повреди донесен во Градската болница, го истепале неколку малолетници пред основно училиште

Вчера во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ – Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен малолтеник од село Чифлик, скопско, извести МВР.

„По преземени мерки било констатирано дека околу 12.30 часот пред основно училиште во с.Чифлик, а по претходна расправија на социјална мрежа, малолетникот бил физички нападнат од неколку малолетници, кои употребиле и тврд предмет“, соопшти МВР.

За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување./Извор:Makfax