16. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото МВР на Србија
РЕГИОН

Го извадил черепот на татка си од семејната гробница и го чувал во плакарот: необичен случај во Белград

Маж од Белград, кај кого полицијата пронашла човечки череп во плакарот во собата, рекол дека тоа е черепот на татко му, кој пред 45 години бил закопан во семејната гробница.

Го видел кога го отвориле за да погребаат роднина.

„Белграѓанинот тогаш забележал дека во черепот на татко му нема златни заби. Тоа го повредило и черепот го донел дома. Не ја известил полицијата за случајот“, вели соговорник на „Телеграф“ близок до случајот.

По наредба на Обвинителството, извршена е обдукција во Институтот за судска медицина, пренесуваат медиумите во соседството./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Волк нападнал 5-годишно дете од Србија на плажа во Грција: „Не’ бркаше на плажата и во дворот“, сведочи мајката

C +

Вучиќ реагираше на статија на „Гардијан“, ја објавија во рубриката „писма од читатели“

C +

(Видео) Вучиќ рече „ќе ги намалиме потрошувачките кредити“, а потоа замолчи и ја смени темата

C +