13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Попладне најава за невреме проследено со ветер, дожд, грмежи и град: препораките се да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја

Денес, од пладневните часови, особено во западниот дел и на крајниот исток, ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и појава на град.

Поради присуство на влажна и нестабилна воздушна маса, за време на викендот и на почетокот на следната работна недела во попладневните часови претежно во јужните делови ќе има појава на повремен пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.

Во Скопје и регионот, денес и во деновите од викендот, во попладневните часови ќе има појава на повремено пороен дожд проследен со грмежи и услови во делови од котлината да има појава на кртаткотрајно невреме.

Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност и да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Струмица: Сум ги гледал луѓето во очи кога им било најтешко, верувам дека на секој мора да му се помогне

ДЕСК

Филипче од Струмица: Македонија не може да ја води Мицкоски, човек без компас и без човечност!

ДЕСК

Павле Трајанов најави победа на советничката листа на Демократски сојуз во Конче

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.