24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Талески: На повидок е изборна измама на граѓаните од страна на ВМРО-ДПМНЕ

„На повидок е една изборна измама која ја прави ВМРО-ДПМНЕ према граѓаните, со оглед на тоа дека тие им кажуваа на граѓаните дека носителите на високите позиции, меѓу кои и претседателот на Собранието, кој е втора политичка фигура во хиерархијата на државата, ќе биде од македонска националност. Видовме крајно лицемерно однесување. Тие бараа од поддршка од граѓаните да не паднат под уцена “рече Миле Талески, пратеник од СДСМ, во емисијата 24 Анализа на ТВ 24.

Тој додаде дека е легитимно правото на мандаторот да ја формира владата и дека не е трагедија некоја политичка партија да оди во опозиција.

„Се покажа и во неколку изборни циклуси мандатарот има апсолутно право, со мандатот добиен од претседателот на државата, во рок од 21 ден да достави кабинет и обезбеди 61 пратеник. Суштината е како помина вчерашниот ден на констутивната седница, една несериозна непринципиелност“ рече Талески.

Тој додаде дека во изминатиот период кај граѓаните се подгреа националната свест и сега се доведени во ситуација граѓаните да биде загрижени, затоа што токму ВМРО држеше тензија во изминатите години.

„Видовме дека тие немаат никаков принципиелен став, со оглед на тоа дека вчера на конститутивната седница, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата од политичката партија ЗНАМ, беше изгласан Гаши за претседател на собранието. А знаеме што зборуваше ВМРО-ДПМНЕ, кога Таравари влезе во влада со СДСМ, нивниот потпретседател Николовски, го обвинуваше за политичка корупција истиот човек кој сега е во коалиција со ВМРО. Дали сега има политичка корупција од страна на ВМРО на Таравари?“ порача Талески.