9. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Собранието го доби новиот спикер: Африм Гаши избран за претседател

Африм Гаши е избран за претседател на Собранието на Македонија.

Беше изгласан со 76 гласа ,,за”, а ,,против” гласаа само шест пратеници.

Со неговиот избор и давањето на свечената заклетва заврши конститутивната седница на Собранието. За новата функција Гаши беше предложен со потписи од 75 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата „Вреди“ и Движењето ЗНАМ – „За наша Македонија“.

Претходно Амар Мециновиќ од Левица, рече дека токму Гаши ја спаси минатата влада да не падне и сега го крунисува тоа со нова функција, а во последните 100 дена ќе биде и премиер.

Неговиот сопартиец Борислав Крмов забележа дека со измените на Деловникот на Собранието ќе се носат закони по брза лената и оти е ограничена дебатата.

Димитар Апасиев исто така од Левица рече дека денешната седница на Собранието е вовед во косовизацијата на македонскиот парламент и бугаризацијата на земјава./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Денеска е значаен празник: Светиот великомаченик Пантелејмон

ДЕСК

„Ако е болна на носилки во полиција“ – тензична полициска акција во мирното мало градче Демир Хисар

ДЕСК

АФРИКАНСКИ ТОПЛОТЕН БРАН НАД МАКЕДОНИЈА, ТЕМПЕРАТУРИ И НАД 40°C – Синоптичарите излегоа со четиридневна прогноза

ДЕСК