23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бури и торнада во САД, повеќе од 20 мртви – 300 илјади луѓе останаа без струја

Речиси 300.000 Американци во седум сојузни држави останаа без електрична енергија од вчера поради торнада и разорни бури со грмотевици.

Во текот на викендот, 23 лица загинаа во големите бури, а синоптичарите велат дека се можни повеќе, придружени со силен ветер, град и поројни поплави. Во утринските часови, обилен дожд се очекува да го погоди источниот брег, вклучувајќи делови од Њујорк, Пенсилванија, Њу Џерси и Мериленд, соопшти Националната метеоролошка служба.

Поради невремето загинаа неколку лица. Осум од нив во Арканзас, седум во Тексас, двајца во Оклахома и пет во Кентаки. Две деца загинаа во Тексас. Една постара жена во Алабама загинала откако дрво паднало врз нејзиниот дом, а фармер и неговите 34 крави биле убиени од гром во Колорадо.

NWS, исто така, прогнозира дека во вторник над Тексас може да се развијат силни грмотевици, со налети на ветрот да достигне брзина од 120 километри на час.

Жештините ќе продолжат на југот од земјата, а се очекуваат рекордно високи температури./Извор:Makfax