18. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Без струја делови од општините Ѓорче Петров и Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од општините Ѓорче Петров и Карпош.

Од 09:00 до 11:00 часот, струја ќе немаат корисниците од дел од улицата Крсто Раковски во општина Ѓорче Петров.

Од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од улица бр. 103 во населба Волково во општина Ѓорче Петров ќе бидат без електрична енергија.

Од 10:00 до 13:00 часот, корисниците на улицата Кленоец бр. 69 и објектите во околината на ТИНЕКС-МАРКЕТ во општина Карпош ќе останат без струја./Извор:Makfax