Во следните денови УХМР ќе има честа појава на пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.
Денес ќе биде претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне, во вечерните и ноќните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Локално ќе има појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и изолирана појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 29 степени.
Времето и метеоролошки параметри за Скопје покажуваат сончево и топло со мала до умерена облачност, а попладне во делови од котлината нестабилно со пороен дожд и грмежи./Извор:Makfax