Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Денес облачно време со дожд и грмежи и услови за краткотрајно невреме

Променливо облачно време, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално и со услови за краткотрајно невреме, најавуваат од УХМР.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.

Во Скопје променливо облачно, попладне во делови од котлината нестабилно со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Од УХМР информираат дека во следните денови ќе има честа појава на пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Филипче за надзорната расправа за Алта банка: Сите кои биле вклучени ќе мора да одговорат пред граѓаните

ДЕСК

ДЕНЕСКА ДО 18 СТЕПЕНИ – Еве каде ќе има дожд, а каде сончеви периоди

ДЕСК

Претседателот на Уставниот суд на Австрија, потпретседателот и член на Венецијанската комисија говорници на Меѓународната конференција организирана од Уставен суд

ДЕСК