7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Столтенберг ги повика сојузниците да ги укинат ограничувањата за употреба на оружје од страна на Украина против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ги повика сојузниците да ги укинат ограничувањата за употреба на оружје од страна на Украина за да напаѓаат воени цели во Русија.

„Мислам дека дојде време сојузниците да размислат дали да укинат некои од ограничувањата што ги воведоа за употребата на оружјето што и го донираа на Украина“, рече Столтенберг во интервју за „Економист“, потсетувајќи на борбите во регионот Харков. „Лишувањето на Украина од можноста да го користи ова оружје против легитимни воени цели на руска територија во голема мера ја комплицира нејзината одбрана“, нагласи тој.

Генералниот секретар изјави дека Русија води агресивна војна и Украина има право да се брани. „И тоа вклучува удари цели на руска територија“, објасни тој, истакнувајќи дека некои сојузници веќе ги укинаа таквите ограничувања и „време е другите сојузници“ да размислат за тоа./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Русија нападна гасен објект во Одеса, сакаат да нè загрозат пред зимата

C +

Путин се сретна со Виткоф

C +

Белата куќа планира да објави снимки од разговори со соработничката на Епштајн

C +