22. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: За скоро време ќе имаме нова влада, следува ново поглавје со работа, одговорност и резултати

Првенствено ќе се посветам на она што најмногу го засега секој еден човек, а тоа е потребата за подобар живот и изградба на заедничка иднина. Големата поддршка која ја добивме од граѓаните, значи огромна одговорност да излеземе со чист образ пред граѓаните и да кажеме како стојат работите реално, и без разубавувања, но и да направиме брзи резултати, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Струга во црквата Св. Богородица – Калишта, каде се одржа свеченост по повод одбележувањето на празникот на Св. Кирил и Методиј.

„Следува ново поглавје, каде државата се враќа на народот, и Македонија мора да има резултати и сила за големи победи. Новото поглавје се темели на одговорност, на морал и вредности кои се обврзувачкото кредо кое мора да се почитува. За брзо од сега ќе имаме нова влада. Тоа го посакувавме од првиот ден на оваа наша напорна и голема битка. Но, формирањето на владата е лесниот чекор, затоа што крупните чекори мора да бидат резултатите кои мораме да ги испорачаме“, кажа Мицкоски.

Мицкоски укажа дека многумина се гледаат на различни позиции, функции и места, и додаде „никогаш тоа за мене не преставувало билет за добар живот, туку обврска за голема одговорност на тој кој ја дава оваа власт, а тоа е народот“.

„Бидете свесни дека секое ваше потфрлање ќе биде разочарување на народот и луѓето чии дланки ги стиснавме во нашата повеќегодишна битка за ставање на крај на ова владеење“, вели Мицкоски.

Според Мицкоски секоја стисната дланка е рака на подадена надеж, секој разменет збор ново очекување.

„Добиената поддршка мора да се заслужи и одработи. Мора да се покаже задолжителна доблест и пример во владеењето и да се покаже одговорност. Работете беспоштедно од првиот ден, решавајте што е можно повеќе проблеми и бидете промената која може и мора да се види од првиот час. Секој ќе добие шанса, секој од вас, но таа шанса е обврска која морате да ја исполните. Знајте дека ја имате мојата доверба, но и ќе ја имате мојата апсолутна жестокост без пардон доколку било кој од вас влезе во коруптивни или заткулисни игри“, заклучи Мицкоски и дополни дека мораме да се обединиме под исто знаме, по исто небо и да работиме за заедничката иднина./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Службеник од општина Шуто Оризари присвоил од општинскиот буџет 3.600.000 денари

ДЕСК

Средба Божиновска со новоименуваниот економски аташе на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија

ДЕСК

Културата е во најлоша состојба досега, тоа е резултатот на Љутков и ВМРО-ДПМНЕ

ДЕСК