1. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Норвешка ја призна палестинската држава

Владата на Норвешка денеска соопшти дека нордиската земја признава независна палестинска држава.

Норвешкиот премиер Јонас Гар Стор денеска изјави дека скандинавската земја донела одлука официјално да ја признае Палестина како држава.

Одлуката стапува на сила на 28 мај.

„Не може да има мир на Блискиот Исток доколку не дојде до признавање“, рече норвешкиот премиер, додавајќи дека „Палестина има основно право на независна држава“.

Неколку земји од Европската унија во последните недели дадоа индикации дека планираат да ја признаат Палестина, бидејќи сметаат дека решението со две држави е клучно за траен мир во тој регион.

Норвешка, која не е членка на Европската унија, но најмногу ги следи одлуките на Брисел, долго време го поддржува решението со две држави, Израел и Палестина./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Мухамед е најпопуларното име за момчиња во Англија, втора година по ред

C +

Франција почна со достава на хуманитарна помош од воздух во Газа

C +

Рубио за Путин: Трамп нема да чека вечно

C +