23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Серија земјотреси на југот на Италија, најсилниот 4,4 степени

Серија земјотреси, од кои најсилниот беше со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала, го погодија јужниот дел на Италија.

Како што соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот на најсилниот земјотрес што се случил во 20 часот и 10 минути бил на 11 километри од Неапол, на длабочина од три километри.

Националниот институт за геофизика и вулканологија соопшти дека првиот силен земјотрес бил со јачина од 3,5 степени и бил почувствуван во Неапол./Извор:Makfax