23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Европски фронт: Скандалозен јавек политички притисок врз Управниот суд од страна на поразените на изборите

Европскиот фронт со голема загриженост ги проследи денешните скандалозни заканувачки изјави на лидерите на опозицијата кои ги загубија на претседателските и парламентарните избори кон Управниот суд.

Европскиот фронт ги регистрираше овие закани и ја извести целата меѓународна заедница и сите локални и меѓународни институции за јавни изјавите со закани како и обидот за изборен инженеринг со надворешно-институционални меѓупартиски договори за гласање и надгласување во Државната изборна комисија. како и со партиски притисоци до управниот суд.

Овој обид за изборен инженеринг има за цел да го промени односот на бројките во Собранието преку политички договор на маса.

Со политички договори и монструозен антидемократски план, зготвен во партиските штабови на ВМРО, СДСМ и Влен, се прави обид да се наруши волјата на граѓаните.

Седницата на Државната изборна комисија беше скандалозна демонстрација на прегласување и суспендирање на принципите на Охридскиот договор.

Ги повикуваме сите институции да постапат согласно Законот, без партиски или политички директиви од која било партија и да го заштитат кредибилитетот на изборниот процес до крај без да се стави никаква дамка на волјата на граѓаните изразена на изборите.