23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Роднините на израелските заложници се обратија до Советот за безбедност на ОН

Роднините на израелските заложници што ги држеше палестинската милитантна организација Хамас во Појасот Газа се обратија на специјално свиканиот состанок на Советот за безбедност на ОН во Њујорк.

Меѓу другите на состанокот во четвртокот, Гили Роман, кој е германски државјанин, се потсети на својата снаа Кармел, која беше киднапирана од Кибуц Беери на 7 октомври минатата година.

„Ние малку знаеме за ситуацијата на Кармел“, рече Роман. „Се надеваме дека е жива. Но, не знаеме“.

Израелски процени: 100 заложници веројатно се живи

Претставниците на Советот за безбедност и неколку други присутни земји членки на ОН, вклучително и Германија, ветија дека ќе продолжат со напорите за да се обезбеди ослободување на сите заложници.

Хамас и неговите поддржувачи убија околу 1.200 луѓе, вклучувајќи околу 800 цивили, во нападите на 7 октомври. Тие киднапираа и повеќе од 200 жени, мажи и деца.

105 од нив беа ослободени речиси два месеца по договорот меѓу Израел и Хамас.

Судбината на преостанатите заложници е нејасна. Според израелските процени, 100-ина од нив веројатно сѐ уште се живи./Извор:Makfax