2. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Битиќи: Тука сум, не одам никаде, цврсто стојам на патот на социјалдемократијата!

„Ги повикувам медиумите како и политичките субјекти да не шпекулираат и да не објавуваат вести од типот на “неофицијално дознава…” пишува на својот ФБ профил Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и вицепремиер на Владата на Република Северна Македонија.

Тој осврнувајќи се на објавените текстови на некои медиуми, во кои пишува дека тој би настапил како независен пратеник, како и дека преминува во политичката партија ВЛЕН, потенцира дека неговото членство во СДСМ и улогата на потпретседател се вкоренети во вредностите кои ги споделува со неговите сопартијци.

„Како пратеник достојно ќе ги претставувам сите кои гласаа за нашата коалиција, а останувам и сојузник на сите кои се за искрени внатре-партиски реформи. Заедно со моите сопартијци ќе ги донесеме тие промени. Тука сум, не одам никаде, цврсто стојам на патот на социјалдемократијата!,“ пишува Битиќи.