Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија, соопштија денеска властите, а „Си-eн-eн Португалија“ и други медиуми објавија дека причина за тоа се новите борби во неговата земја.

Шпанскиот крал Фелипе требаше да го прими Зеленски на 17 мај и да подготви ручек во негова чест.

Зеленски требаше да потпише и договор за билатерална безбедносна соработка со шпанскиот премиер Педро Санчез по минатогодишната заедничка изјава на НАТО.

Портпаролот на португалската влада изјави дека украинскиот претседател ја откажал посетата, но не наведе причина.

Шпанската влада соопшти дека не може да го коментира настанот од безбедносни причини.

Шпанија, заедно со другите земји членки на ЕУ, е посветена на обезбедување финансиска и воена поддршка за Украина по руската инвазија во февруари 2022 година.

Посетата на Зеленски требаше да се совпадне со ветувањето на ЕУ за долгорочна безбедносна поддршка за Киев, според нацрт-документот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Руската нафта може да тече: Америка нема да му прави проблеми на Орбан во снабдувањето со руска нафта и покрај санкциите

ДЕСК

Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца

C +

Петмина загинати и повеќе од 100 повредени во торнадо во Бразил

C +

Нашиот веб сајт користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот. Прифати Прочитај повеќе

Privacy & Cookies Policy
error: Соддржината е заштитена.