23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Почина седумесечно бебе во специјалната болница во Охрид: му бил извршен хируршки зафат, a ден пред тоа било донесено со хематом на главата

Денеска, во раните утрински часови, во СВР Охрид било пријавено дека во специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, по извршен хируршки зафат, починало седуммесечно бебе од Вевчани, кое претходниот ден околу 16 часот било донесено во болницата од мајка му.

Бебето, според пријавеното, било примено во болницата со хематом на главата и по констатирано мозочно крвавење, веднаш била извршена операција.

Според изјавата на мајка му, повредите настанале по пад од импровизиран кревет во семејниот дом во Вевчани.

По насока на јавен обвинител, телото ќе биде пренесено на Судската медицина во Битола, каде што ќе се изврши обдукција. Се преземаат мерки за расветлување на настанот, соопшти полицијата./Makfax