5. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Центар.мк
вестМАКЕДОНИЈА

Приведен бегалец од затвор баран со потерница

На 11.05.2024 во 23.50 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Д.(24) од Скопје поради тоа што бил баран со потерница по судска наредба за доиздржување на казна затвор за сторени кривични дела по чл.236 од КЗ на РСМ, а при извршен преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. Околу 23.30 часот на подрачјето на Драчево полициски службеници го забележале Д.Д. во патничко возило „алфа ромео“ во кое имало уште две лица. Тој на даден знак не застанал туку продолжил и кога стигнал во населбата Горно Лисиче, удрил со возилото во бандера, соопшти МВР.

Во возилото биле затекнати и приведени А.А.(23) и уште една 17 годишна малолетничка, која е предадена на родител. Д.Д. ќе биде предаден на надлежната казнено поправна установа, а ќе бидат поднесени и соодветни поднесоци.

Можеби ќе ве интересира

Средба Николоски – Сориано Ортиз: Авиолиниите Скопје – Мадрид и Скопје- Барселона се одлична можност за подoбрување на соработката меѓу двете држави

ДЕСК

На Клиниката за детски болести обезбеден дигитален мобилен рендген апарат со поддршка од Амбасадата на Jапонија

ДЕСК

Внук си ја нападнал бабата која имала 75 години – драма во Кисела Вода

ДЕСК