12. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

СДСМ ги повикува граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај и да гласаат за Стево Пендаровски за претседател и за пратеничките листи на СДСМ и Коалицијата за европска иднина.

“На 8 мај се одлучува за иднината.

Во овој клучен момент државата се наоѓа на крстопат.

На една страна е враќање назад кон изолација, конфликти, меѓуетничка нетрпеливост и внатрешни поделби со ДПМНЕ.

А на другата, продолжување напред, кон прогресот и просперитетот на Македонија во ЕУ, со СДСМ и Коалицијата за европска иднина.

На 8 мај постои само една социјалдемократска опција, само една лева прогресивна опција која се вика СДСМ.

Граѓаните со моќта на својот глас можат да кажат стоп за враќањето во кошмарното минато на поделби и тензии и да испратат јасна и гласна порака на сите ретроградни сили дека во Македонија живеат прогресивни луѓе, кои сонуваат за подобрам европска иднина за себе и своите деца.” – се вели во соопштението на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Упорно бараме декласификација на материјалите

C +

Филипче: После 10 дена пожар во Вардариште и неколку дена во Дрисла граѓаните практично се гушат

C +

Филипче: Жалам што вчера премиерот кажа дека нема намера да се интервенира во цените на производите

C +