25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.БИЗНИС

Шкријељ: СДСМ направи голем исчекор во однос на младинската невработеност, потребите на бизнисите и квалитетот на работните места

„Ќе го спомнам средното стручно образование, со години читаме извештаи не е само извештајот Прогрес, кои викаат дека имате неусогласеност меѓу вештините кои ги имаат младите, ако зборуваме за младинска невработеност и вработеност и она што го бара пазарот на труд. Во тој дел направивме еден многу позитивен исчекор и мене ми е многу драго што тоа се развива – средното стручно образование. Сите ние знаеме дека средните стручни училишта ја имаа изгубено атрактивноста и дека на некој начин и децата кои се запишуваа таму беа оквалификувани а се форсираа останатите деца да се запишуваат во гимназиско образование. Средното стручно образование е клучно за развојот на државата затоа што е она што го бара пазарот на труд но и нуди добро платени работни места. Тоа го сакаме. Не само да ги задоволиме потребите на бизнисот туку се водиме да и луѓето имаат квалитетни и добро платени работни места. рече пратеничката Санела Шкријељ на Економски подкаст „Планот за раст, реформите предуслов за ЕУ фондовите и социјалните политики“.
Таа додаде дека оваа влада од СДСМ почнала со десетина паралелки, а само оваа година има околу 300.
„Околу 500 компании се вклучени, интересот е голем, воведовме за прв пат стипендии за деца кои се во дуални паралелки, никогаш тоа претходно го немале. Тоа е рефлектирано и во овогодинешниот извештај на ЕК, дека во тој дел сме на вистински пат“, потенцираше Шкријељ.