25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Гарантираме рекордно производство на храна, да имаме поголем извоз од увоз

„Гарантираме рекордно производство на храна, и за првпат во поновата историја, да имаме поголем извоз од увоз на храна“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на централниот митинг во Скопје презентирајќи ја програмата.

Тој истакна дека со програмата се предвидува просечна плата од 1100 евра, минимална плата од 600 евра, минимална пензија од 20 илајди, но и просечна пензија од 30 илјади денари до крајот на мандатот.

„За младите кои мора да направиме сѐ за да ги задржиме младите дома, во Македонија, гарантираме по 200 евра месечно како поддршка за секое прво вработување на млади до 26 години. Воведуваме Програма со субвенции и поволни цени за купување сопствен дом за млади до 29 години, Гарантирана плата за млади, и грантови од 8.000 евра за започнување сопствен бизнис“ рече Ковачевски.

Претседателто на СДСМ додаде дека за учениците и студентите ќе се обезбеди бесплатен оброк, бесплатен превоз и бесплатни едукативни екскурзии.

„Здравството станува целосно бесплатно, затоа што ќе ја укинеме комплетно партиципацијата од 20%. Нашиот капитал, знаењето на докторите, не смееме да го извезуваме и морамо да задржиме дома. Затоа платите на медицинскиот персонал ќе растат затоа што потребни нѝ се нашите доктори, специјалисти и медицински сестри“ рече Ковачевски.