„Признавам дека во изминатиот период правевме грешки. Најмногу кадровски, но и политички, пред се во соработката со дел од коалиционите партнери. Знам и сум свесен дека дел од нив, ја поминаа црвената линија, и етничките прашања ги направија бизнис“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на централниот митинг во Скопје.
Тој додаде дека дел од албанските партии, како и македонските, од етничките прашања направиле професија, бизнис и лични кариери.
„И тоа не е добро, и тоа мора да се промени, брзо и веднаш по 8 мај“ рече Ковачевски.
Претседателот на СДСМ додаде дека тој не е создаден од политичкиот систем во државата, како некои претходно и сегашни политичари, туку доаѓа од народот и работи со искрена желба, добра мисла и волја.