25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Со СДСМ и коалицијата, знаеме каде одиме, имаме план за економија, за енергетика и за ЕУ

„Најпрво од срце да ви го честитам родеденот на нашата партија, на СДСМ и да ви кажам дека како никогаш досега СДСМ е и обединет и посветен и фокусиран и силен и победнички. Особено ми е драго денес што ве гледам сите вас, драго ми е што го гледам и Андреј Петров нашиот долгогодишен и член и функционер. Драго ми е и за сите што ја разбираме нашата кауза и колку е важна токму денес на денот на СДСМ, да се обединиме и да дојдеме заедно тука,“ порача секретарот за меѓународна соработка и кандидат за пратеник од ИЕ1 Бојан Маричиќ, пред собирот на граѓани во Влае.

Тој обраќајќи им се на собраните граѓани упати неколку прашања : Кој овие 32-3 години секогаш беше подготовен да ја жртвува својата политичка популарност за важните државнички одлуки? СДСМ. Кој во овие 30 и кусур години ја кажуваше на граѓаните вистината и не се занимаваше ниту со популизам, ни со заблуди, ни со лаги ни приказни, ни манипулаци? СДСМ. Кој има денес храброст да ги погледне граѓаните во очи и да им каже кој е планот за надминување на сите потешкотии, кој е планот за подобра европска иднина? Повторно СДСМ.

Маричиќ дополни дека оттука произлегува правото да се каже кој направивил најмногу, земајќи предвид дека СДСМ успеа да ја реализира едната стратешка цел, влез на државата во НАТО, и продолжување на патот кон ЕУ.

„Кој денес може да ве погледне во очи и да каже спремни сме за борба и нема да се откажеме од ЕУ? Повторно СДСМ. Кој го нуди планот за развој на државата? Повторно СДСМ. Кој има храброст да ги признае грешките и да каже погрешивме многу работи, но кој работи греши? Повторно СДСМ. Кој има сила да ги исправи грешките? Повторно СДСМ. И нашата коалиција,“ порача Маричиќ.

Тој посочи дека само со СДСМ и коалиција, претседателот Пендаровски и претседателот Ковачевски државата и граѓаните се на сигурно.
„Затоа што само така знаеме каде одиме, само ние имаме план и за економија и за енергетика. Што имаме наспроти нас? Имаме празни ветувања, имаме многу омраза, многу навреди, многу манипулации, лаги, црна кампања. Што добија граѓаните 11 години со ВМРО – ДПМНЕ, па сега да се надеваат дека ВМРО – ДПМНЕ ќе ги направи повторно горди ве молам,“ истакна Маричиќ.

Тој се осврна на 11те години во времето на ВМРО-ДПМНЕ кога граѓаните биле најпонижени, најосиромашени, најпритиснати, најмногу лажени, најмногу охрабрувани и 11 празни и изгубени години за Македонија.

„Затоа на 24 април и 8 мај ќе собереме сила да не дозволиме да се повтори ниту еден ден од тоа владеење, а камо ли повеќе од 1 ден или 11 години,“ порача Маричиќ.