23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
dozd
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Темни облаци над Македонија, времето и натаму депресивно! Метеоцентар со прогноза за следните 4 дена

Утре ќе има преодно стабилизирање на времето, а поради разведрувањето утринските температури наместа ќе се спуштат малку под нула. Во вторник под влијание на нов влажен бран повторно ќе има врнежи, кои повремено ќе бидат пообилни и поројни проследени со ретки грмежи и засилен ветер. Потоа во следните денови ќе биде постабилно, со слаби локални врнежи од дожд.

Прогноза за 23.04.2024
Минимална температура: 4°C до 10°C
Максимална температура: 12°C до 18°C

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни и поројни, проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 24.04.2024
Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 17°C до 25°C

Променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Ќе има услови за слаб локален дожд, особено кон крајот на денот. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.

Прогноза за 25.04.2024
Минимална температура: 2°C до 8°C
Максимална температура: 14°C до 22°C

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.