24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Европска иднина за младите кои сакаме да останат дома, тука да градат семејства, а нивното знаење и искуство да се искористи во Македонија

Секретарот за меѓународна соработка и кандидат за пратеник од ИЕ1, Бојан Маричиќ, синоќа пред група на граѓани во Влае го отвори своето обраќање честитајќи го роденденот на партијата и истакна дека како никогаш досега СДСМ е обединет, посветен, фокусиран, силен и победнички.

Воедно, рече дека со Коалицијата за европска иднина, претседателот Пендаровски и претседателот Ковачевски, СДСМ знае каде оди, со стратешки план за економија и за енергетика.

„Она што го нудиме во нашата ппрограма е енергетска трансформција, енергетска револуција. Висок процент од вкупниот број издадени акции во државните енергетски компании ќе се поделат еднакво на граѓаните. Секој граѓанин, вклучително и децата, да добијат најмалку 8.000 денари од вредноста на енергетските компании или 500 евра за едно четиричлено семејство.“

Маричиќ напомена дека тоа ќе значи поголема рентабилност, поевтина струја, поефикасен енергетски систем и производство на енергија кое ќе се зголеми за најмалку 70% со што ќе се задоволат домашните потреби за струја.

„Да го искористиме нашето македонско сонце за обновливи извори на енергија, македонско сонце за македонска струја, македонска струја за македонската економија. Сакаме што помалку да зависиме од надвор, што поевтино да плаќаме струја и што попродуктивна да ни биде економијата“, рече Маричиќ.

Тој во обраќањето се заложи дека не се откажува од повисокиот животен стандард, стандард за сите и продолжи:

„Ниту еден граѓанин, ниту една категорија нема да биде заборавена. Младинската гаранција, гаранцијата за млади ќе ја зголемиме од 3.000 на 5.000 денари месечно, а со што им подаваме рака на младите до 26 години кои првпат се вработуваат, тие ќе добиваат по 200 евра месечна помош во првата година од нивното вработување.

Сакаме да ги видиме младите да останат дома, тука да живеат, тука да градат семејство и нивното знаење и искуство да се искористи тука дома во Македонија.“