23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Пендаровски: Мицкоски по амбасади ветува дека прв негов приоритет ќе биде внесување на Бугарите во Уставот

Пред граѓаните на Струмица, кандидатот за претседател, Стево Пендаровски се осврна на ставот на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во однос на уставните измени.

Секогаш кога Мицкоски зборува со странски амбасади им вели дека наводно еден од неговите први приоритети ќе биде да ги внесе Бугарите во Уставот. А секогаш кога зборува пред своето партиско раководство или пред македонската јавност зборува обратно. Дека ова не е само празен муабет, или озборување покажува следново: Пред два дена виден е висок претставник на нивната сестринска партија од Германија ЦДУ, даде изјава за македонските медиуми во кое рече разговарав со раководството на партијата ВМРО-ДПМНЕ вклучително и со Мицкоски и добив цврсто уверување дека уставните промени се нивен приоритет. И сега гледате човек кој, зависно од тоа со кого разговара, одговара на различен начин. Како да му верувате на човек кој едно зборува пред странци, друго зборува пред сопствениот народ?“ порача Пендаровски.