„Без вашата генерација и без влогот кој што го дадовте немаше да имаме држава. Токму затоа сме дожни и обрзани да работиме пензионерите да имаат мирни и спокојни пензионерски денови и мирно да ги гледаат своите деца и внуци како растат. А како растат внуците така нека растат и пензиите“ рече вицепремиерот за европски прашња и кандидат за пратеник од СДСМ, Бојан Маричиќ при средба со пензионерката Верица Јанева од Карпош.
Тој кажа дека Владата предводена од СДСМ ги покачи пензиите за 50 отсто и дека во следниот мандат ветува просечна пензија од 500 евра.
„Исто така се обврзуваме на зимски регрес од 3000 до 6000 денари за секој пензионер а најмногу ќе добиваат оние со најниски пензии. Исто така ветуваме енергетски пакет од 1500 денари месечно во текот на грејната сезона за оние пензионери на кои најмногу им треба“ кажа Маричиќ.
Тој рече дека СДСМ не се откажува од подобриот животен стандард и од мирниот живот за пензионерите.