26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Оваа влада ги покачи пензиите за 50 отсто, во наредниот мандат ветуваме просечна пензија од 500 евра

„Оваа Влада ги покачи пензиите за 50% и ветуваме дека во наредниот мандат ќе биде просечна пензија од 500 евра. Исто така се обврзуваме на зимски регрес од 3000 до 6000 денари за секој пензионер а најмногу ќе добиваат оние со најниски пензии“ вети вицепремиерот за европски прашња и кандидат за пратеник од СДСМ, Бојан Маричиќ при средба со пензионерката Верица Јанева од Карпош.

Тој исто така вети и енергетски пакет од 1500 денари месечно во текот на грејната сезона, за оние пензионери на кои тоа најмногу им треба.

„Вие тоа го заслужувате. Без вашата генерација и без влогот кој што го дадовте немаше да имаме држава. Токму затоа сме дожни и обрзани да работиме пензионерите да имаат мирни и спокојни пензионерски денови и мирно да ги гледаат своите деца и внуци како растат“ рече Маричиќ на средбата со пензионерката Јанева.

Тој додаде дека како што растат внуците, така да растат и пензиите и порача дека СДСМ не се откажува од подобриот животен стандард и од мирниот живот за пензионерите.