„Да ги сочекаме наодите на стручните лица. Тоа што се случи во Универзална сала за жал една девастирачка слика за сите. И за мене како министерка за култура и за вработените во министерството за култура кои поминавме еден процес на 2 годишно убедување со градската власт во Град Скопје за да ја препознаат важноста од тој објект да не седи отворен, да не биде оставен на забот времето, тој објект да не ги претрпува сите оние атмосферски промени што ги претрпи,“ рече министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска во одговор на новинарско прашање.
Таа посочи дека, за причината за пожарот, остава да информираат од министерството за внатрешни работи и обвинителството кои се втор ден на терен. Притоа додаде и дека од трудовиот инспекторат се побарани и некои документи од фирмата која е изведувач.
Таа изрази уверување дека, после завршувањето на овој процес градежните активности ќе продолжат и Универзална сала ќе се изгради и ќе биде вратена на скопјани. Министерката рече и дека се надева дека процесот ќе биде забрзан, затоа што Универзална е и тоа како потребна.
„Ако сега се воспостави дека има штета, осигурителната полиса, ќе ја покрие и продолжуваме со градење откако ќе ги добиеме сите релевантни наоди дека може да се продолжи со градење. Така што, остануваме на рокот кој го зацртавме за универзална сала да биде вратена назад на скопјани и на граѓаните на Република Северна Македонија,“ порача министерката.