23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Поскапуваат некои од горивата

Цените на нафтените деривати од полноќ се зголемуваат, соопшти Регулаторна комисија за енергетика.

Цената на ЕВРОСУПЕР 95 ќе поскапи 1,5 денар и ќе изнесува 86,5 денари за литар. ЕВРОСУПЕР 98 од утре ќе се продава поскапо за 1 денар и ќе изнесува 88,5 денари за литар.

ЕВРОДИЗЕЛОТ се зголемува 2 денара за литар и од утре ќе чини 78 денари.

Поскапува и екстра-лесното масло за домаќинство за 2 денари и ќе се продава за 77 денари. Цената на „мазутот“ поевтинува 0,3 денари и од полноќ ќе се продава за 45,2 денари за килограм.