25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ беше и против влез во ООН и против влез во НАТО, а денес имаме призната и безбедна држава

„Обединетите нации се уште се најдобрата платформа за обезбедување на светски мир, со сите нејзини недостатоци. Еден од клучните чекори кои Македонија мораше да ги направи е членство во ОН и тоа го направивме пред 31 година. Со времена референца, поради отвореното прашање со Грција, кое остана незатворено 27 години. Благодарение на храброста и одлучноста на Киро Глигоров, Македонија стана членка на ОН, а знаевме колку тоа е важно за една млада држава“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за „Фронтлајн“.

Тој додаде дека и тогаш имаше отпор од исти или слични актери, кои правеа отпор и при членството во НАТО, процес кој траеше долго поради отвореното прашање со Грција.

„Како заврши процесот? Беше потребен некој кој како што Киро Глигоров што донесе одлука, да донесе одлука и за НАТО и затворање на проблемот со Грција. Денес сме членка на НАТО и гледаме во услови на војна што значи тоа“ рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ додаде дека сега ги почнавме и преговорите со ЕУ со една исто така тешка одлука.

„Чувството е веројатно исто, но на крајот знам дека и граѓаните го делат тоа чувство. Како некој со нож да ви го сече стомакот кога преговарате, но лидер мора да преземе одговоност“ рече Ковачевски.