5. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Пендаровски: И по цена на рејтингот одлучивме да преземеме чекори за членство во НАТО

Претседателот Стево Пендаровски на граѓанскиот митинг во Кичево рече дека изминатите пет години беа тешки, со разни кризи, но дека направени се чекори кои се добро за државата и за нејзината иднина.

„Тука најмногу мислам на НАТО, кое по долги договори и преговори конечно го реши оваа политичка структура од која сум дел, ни една друга немаше храброст. Оваа политичка структура рече и по цена да изгубиме дел од рејтингот, мораме да го направиме тоа за иднината на нашите деца и подобар живот на следните генерации“ рече Пендаорвски.

Тој додаде дека Македонија денес е рамноправна членка на НАТО, организација во која членуваат 32 држави – најмоќните, најбогатите и најдемократските.

„Не бараме да одиме во организации на истокот или Азија, предводени од недемократии и деспоти. Ние сме европска држава, местото ни е тука и тој е патот – Америка и Западна Европа. Тоа се урнеците кои мора да ги следиме. Се друго е замајување на народот и враќање во неизвесна иднина, која ја нудат и во рамки на оваа кампања“ рече Пендаровски.