Попладнево, во скопската населба Арачиново, се случила престрелка, при што било повредено едно лице.
Засега не се познати причините за овој инцидент, но цел на нападот наводно бил градоначалникот на оваа општина.
Според последните информации, повредено било лице, кое било возач и дел од обезбедувањето на градоначалникот и било во негова придружба.
Кон Арачиново се упатени и полициски единици за обезбедување на местото и за увид, а возачот бил примен на скопската клиника.