14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Филипче: Сите политики на СДСМ беа насочени кон пребродување на кризите

Вчеравечер во Прилеп се отвори нов изборен штаб на СДСМ, каде присуствуваше и кандидатот за пратеник од Изборната единица 4, Венко Филипче.

Пред своите сопартијци и симпатизери, тој говореше за тешкиот и кризен период од 7 години во кој владееше СДСМ, осврнувајќи се на пандемијата со Ковид 19, економската и енергетската криза. „Ниедна влада не се борела со три последователни кризи… Згора на сè, одлучно се нафативме да ги решаваме клучните стратешки прашања за земјата.“ – рече Филипче.

Тој зборуваше и дека ова не е алиби за дел од грешките кои СДСМ ги направи во својот мандат, меѓутоа, како што рече, е сериозна потврда за издржливоста и напорната работа која ја вложивме.

„Милиони и милиони евра директно ги вративме кај граѓаните по основ на покачени плати, финансиски олеснувања и шест пакети антикризни мерки. Сите политики на СДСМ беа насочени да може полесно заеднички сите да ги пребродиме кризите“, потсети Филипче, додавајќи дека ова не е малку, ниту било лесно и затоа, СДСМ има право да побара поддршка од граѓаните со крената глава.

Можеби ќе ве интересира

Исчезнаа две деца во Скопје – едно на 13 годишна, друго на 16 годишна возраст

ДЕСК

СДСМ: Судир на интереси во ОИК Зелениково со цела фамилија на кандидатот за градоначалник на ДПМНЕ, ДИК да ги разреши

ДЕСК

Поведена постапка за сторител на неколку тешки кражби во Скопје

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.