16. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото ЈС/Centar
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Прилично топло време и температури до 26 степени – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Продолжува периодот на сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во вторник претпладне ќе има зголемување на облачноста со услови за слаб локален дожд и благ пад на дневната температура.

Прогноза за 02.04.2024
Минимална температура: 4°C до 11°C
Максимална температура: 18°C до 26°C

Претпладне промеливо облачно, во северозападните делови со услови за краткотраен локален дожд. Преку денот претежно сончево. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од западен правец.

Прогноза за 03.04.2024
Минимална температура: 2°C до 9°C
Максимална температура: 17°C до 24°C

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Прогноза за 04.04.2024
Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 18°C до 25°C

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Можеби ќе ве интересира

ДПИ со контроли за попустите на училишниот прибор, казните за непочитување се од 800 до 10.000 евра

C +

Утре, променливо облачно време, попладне краткотраен дожд и грмежи

C +

ЗНМ алармира: Недостигот на правила за платена политичка реклама во онлајн медиумите создава корупциски ризици

ДЕСК