25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра, а минималната плата 800 евра

„Економската програма на СДСМ предвидува повеќе за сите. Предвидува подобар живот за сите, доближување на животниот стандард до европскиот и сето тоа преку издржани и конкретни мерки. Нашиот фокус е на четири основни столба: човечки капитал, продуктивност, иновативност и конкурентност. Проектираме просечна стапка на раст на економијата од 5,1% во наредните четири години и ќе го оствариме тоа“изјави претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во своето воведно обраќање по повод промоција на Програма за европска иднина и кандидати за пратеници на избори 2024 година.
Тој додаде дека во наредните четири години просечната плата ќе достигне рекордни 1.100 евра, а минималната плата ќе изнесува 600 евра. Тој дополнително додаде дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра, а минималната плата 800 евра.
„Нема откажување и од достоинствен живот за пензионерите! Гарантираме дека во 2028 година минималната пензија ќе биде 20.000 денари, а просечната пензија 30.000 денари. Дополнително, предвидуваме новогодишна поддршка од 6.000 денари за секој пензионер. СДСМ покажа дека се грижи за пензионерите и во наредните четири години дополнително ќе го унапредиме нивниот стандард“, потенцираше Ковачевски.
Тој додаде дека за седум години се преполовила стапката на невработеност. економски план предвидува намалување на стапката на невработеност од 12% на 7% до 2028 година – едноцифрена бројка, за првпат во историјата на независна Македонија.
„Планираме 180 милиони евра директна финансиска поддршка на домашните компании за инвестиции во производство и поттик на економскиот раст со 3,5 милијарди евра јавни капитални инвестиции“, заклучи Ковачевски.