-Листата на пратеници на ДПМНЕ е листа за блокада на европскиот пат на земјата, за откажување и враќање назад во изолација, соопшти СДСМ.
„Над 80% се истите што го блокираа европскиот пат на земјата, тие што спроведуваа активна блокада на Собранието, се повторно на изборнaта листа на ДПМНЕ.
Лупаа и тропаа да го попречат европскиот пат на државата во ЕУ
Во време на криза ја блокираа помошта за граѓаните и компаниите. Беа против минималната плата и раст на платите.
Беа и се уште се против членството на државата во ЕУ.
Со истите лица на изборната листа Белата палата потврдува дека со ДПМНЕ е можно само враќање назад.
ДПМНЕ потврдио дека не е за промени и дека не може нема никаква промена и не можат да донесат никакви промени на подобро
Изборот пред граѓаните на претстојните избори е помеѓу надеж и просперитетна европска иднина со СДСМ и безнадежност, враќање 10 години назад во изолација со ДПМНЕ.“ – се вели во соопштението.