На 29.03.2024 во 16.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на обиколница на град Скопје, во близина на клучка Смилковци, патничко возило „опел вектра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.И.(28) од Скопје, удрило во патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Х.С.(47) од Гостивар, кои претходно биле запрени поради вршење на контрола, соопшти МВР.
Во незгодата со телесни повреди се здобил Х.С., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.