14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Со дрога фатен полицаец од Охрид

На 29.03.2024 во 18.05 часот, во комплексот „Инекс“ во Охрид, лишен од слобода е А.М.(30) од Охрид, полициски службеник кој извршувал работни задачи како физичко обезбедување во комплексот. При претходно извршен преглед во неговата службена просторија, полициските службеници пронајдоа и одзедоа една лажица и хартија со остатоци од бела прашкаста материја, како и едно пластично шише со непозната течност, соопшти МВР.

При претрес во неговиот автомобил, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се предмети со остатоци од марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Само со темелни реформи може да го смениме системот, тоа е мојата политика

ДЕСК

Денеска се празнува Покровот на Пресвета Богородица

ДЕСК

Наскоро почнува зимското сметање на времето – колку влијае на здравјето?

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.