16. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Селмани: Уставните измени не се за меѓународната заедница, туку за нашите деца да останат тука

„За меѓународната заедница можеме и сто години ваква да останеме. Сите ќе се движат напред, ние ќе останеме тука. Но, нашите деца нема да останат, ако нема перспектива. Нема да имаме млади луѓе што ќе живеат тука, нема да имаме кој да го полни пензискиот фонд и здравственото осигурување“ рече бизнисменот и поранешен политичар, Имер Селмани за уставните измени.

Тој додаде дека ако немаме чувство ќе ја руинираме државата.

„Меѓуетничките односи се еден од столбовите за нашиот опстанок. Мора да имаме добри односи за да опстанеме. Опстанок можеби звучи грубо и сурово, но ако немаме добри и чесни односи ни се довдува во прашање опстанокот. Ние имаме релативно добри етнички односи сега. СДСМ може да се критикува за други работи, но за меѓуетничките односи вложија многу“ рече Селмани.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ користи реторика дека СДСМ дале многу на Албанците, но грешат со старо размислување.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃААТ ВРНЕЖИ ДО ДОЖД КОИ ЌЕ БИДАТ ПООБИЛНИ – Синоптичарите објавија четиридневна прогноза

ДЕСК

Филипче: Ги боли што ја кажуваме вистината за нивните лаги со нивни зборови, тоа не е црна кампања

ДЕСК

АХВ се вклучи во одбележувањето на 16 октомври Светски ден на храната

ДЕСК