19. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Тренчевска: Најголем дел од пензионерите се задоволни со новата методологија која нуди постојан раст на пензиите и дава одлични резултати

„Кога ги креиравме политиките за мпензионерите ги креиравме во соработка со Сојузот на здруженија на пензионери и сите за сите овие протести времето наназад велев дека се изолирани и политички потикнати и не беа масовни протести, туку беа протести на кои излегуваа пред се органите на ВМРО-ДПМНЕ. И најголем дел од нив беа со високи пензии и имаше и изјави со име и презиме на Иницијативниот одбор, каде што еден од луѓето зема пензија можеби и над 50.000 денари. Но, најголем дел од пензионерите се задоволни со новата методологија која нуди постојан раст на пензиите и дава одлични резултати,“ рече Јованка Тренчевска, дополнителна заменик министерка за труд и социјална политика и носителка на листа на ИЕ 4 на СДСМ, во Дневникот на ТВ Сител во врска со моменталната состојба на пензиите и нивниот раст.

Таа посочи дека, затоа е оваа методологија, затоа што пензионерите со ниски пензии пред 6 години примале по 6.000 денари пензија.

„Методологијата дава резултат, 30% е покачена пензијата само за 2 години, од март 2020 година до март 2024 година имаме 30% покачување на пензијата. Оваа методологија дава видливи резулатати на краток рок, но тие се чувствуваат многу повеќе на среден и долг рок. Затоа велиме дека методологијата е добро решение затоа што усогласувањето 2 пати и кога ќе нема инфлација, сега инфлацијата е стабилизирана од 3%. И кога ќе нема инфлација просечната плата постојано расте, во моментов просечната плата е 40.000 денари, без 2 денари,“рече Тренчевска.

Можеби ќе ве интересира

Сите гласови од немоќните, болните и затворениците се запечатени во посебни коверти и гласачка кутија, истата се отпечатува дури во недела во 19 часот кога ќе бидат затворени гласачките места низ Републиката

ДЕСК

Утре се слави Светиот апостол Тома

ДЕСК

Закани кон членови на Избирачки одбори и вработени од кандидат за градоначалник – обвинува политичка партија

ДЕСК