Според податоците на Државниот завод за статистика, на почетокот на учебната 2023/2024 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 182 124, што претставува намалување за 1.6 % во однос на претходната учебна година.
Бројот на учениците во редовните средни училишта, на почетокот на учебната 2023/2024 година, изнесува 67 278, што претставува намалување за 2.8 % во однос на претходната учебна година.