Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Зајкова: Министерството за животна средина инвестира во капитални проекти во сите општини

Министерството за локална самоуправа работи со општините и еден од приоритетите е рамномерниот регионален развој, но за жал се уште не се исполнува оној процент предвиден во Буџетот кој е за рамномерен регионален развој, иако како ЛДП бевме предводници на измените на тој закон, рече во интервју за Слободен печат Моника Зајкова претседателка на ЛДП.

Таа додаде дека треба да се работи уште многу за рамномерниот регионален развој да функционира онака како што треба да функционира, иако за волја на вистината преку буџетот на Министерството, во голем дел од општините се финансираат капитални проекти што значат развој на општините.

Зајкова наведе и конкретни примери на помош од Министерството за локална самоуправа кон општините.

„Имате оштини како Охрид каде е финансирано во опрема за заштита и спасување на вода и на планина. Се финансираат пречистителни станици, набавка на противпожарни возила, финансирање на енергетски ефикасни објекти, односно градинки, се финансира изградба на велосипедски патеки…сето тоа се проекти што придонесуваат за полесно секојдневно фунлционирање на граѓаните во секоја општина. И да додадам финансиран е регионален стационар за бездомни животни во Кавадарци кој го решава проблемот со бездомни животни на територија на девет општини и е директно поддржан од страна на Министерството“ посочи Зајкова.

Можеби ќе ве интересира

НОВ ХОРОР ВО МАКЕДОНИЈА: Очув и мајка осомничени за обљуба на малолетно девојче

ДЕСК

МАКЕДОНИЈА ВЕЧЕРВА ВО СОЛЗИ: Во страотна сообраќајка на патот Прилеп – Росоман загинаа 2 лица, повеќе се повредени

ДЕСК

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ДЕСК