13. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Лукаревска: Резултатите за претседателски избори се извесни, ќе имаме реприза од претходните

„По завршување на овие избори, повторно со препорака на ОБСЕ и ОДИХР, ќе седнеме и ќе разговараме за нов Изборен законик. За отворени листи, една изборна единица, 90 пратеници и ќе донесеме нов Изборен законик прифатен од сите политички партии,“ рече заменик претседателката на СДСМ, носител на ИЕ 3 и директорка на УЈП, Сања Лукаревска во емисијата Клик плус на ТВ 21.

Во врска со укинувањето на техничката влада кое како барање го постави опозицијата, Лукаревска посочи дека тоа е доказ за постоење на демократичност и функционирање на институциите.

Лукаревска најави дека во вторник СДСМ ќе има посебна конвенција за претседателскиот кандидат Пендаровски.

„Тоа е кандидат кој обединуваи многу државнички ја вршеше својата функција во изминатиот мандат. Кој не правеше разлика меѓу било кој граѓанин, ја имаше европската перспектива како дел од неговиот начин на делување и кој има сопствен одличен интегритет,“ рече Лукаревска.
Во однос на резултатите од претседателските избори, таа посочи дека извесни се резултатите, согласно рејтинзите и анкетите и ќе следува реприза од последните претседателски избори.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: СДСМ нуди конкретно решение за Вардариште, додека ВМРО-ДПМНЕ молчи и гледа како се трујат граѓаните

C +

Филипче: Македонија стана опасно место за живеење, Владата нема контрола над пожарите во депониите

C +

Се уште нема субвенции за одгледувачите на овци, ВМРО-ДПМНЕ им сврте грб на земјоделците

C +