19. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Претседателот Пендаровски прими делегација од Советот на Европа за набљудување на претседателските и парламентарните избори

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими делегацијата на ад-хок комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа за набљудување на претседателските и парламентарните избори во Република Северна Македонија, кои престојуваат во предизборна мисија во земјава.

На средбата беше разговарано за текот на подготовките на претседателските и парламентарните избори во Република Северна Македонија.

Делегацијата од ад-хок комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа информираше за целите на нивната предизборна мисија, како и за нивните активности, очекувања и улога во изборниот процес.

На средбата беше изразено очекување дека претстојните претседателски и парламентарни избори ќе бидат фер, демократски и во мирна атмосфера, во целосна согласност со националното законодавство и меѓународните обврски и стандарди.

Претседателот Пендаровски посочи дека како земја – членка на НАТО и земја којашто претендира да стане членка на Европската Унија, неопходно е на претстојните избори да демонстрираме максимална професионалност од државните институции и политичка коректност и зрелост од страна на сите политички субјекти инволвирани во изборниот процес.

Можеби ќе ве интересира

Сите гласови од немоќните, болните и затворениците се запечатени во посебни коверти и гласачка кутија, истата се отпечатува дури во недела во 19 часот кога ќе бидат затворени гласачките места низ Републиката

ДЕСК

Утре се слави Светиот апостол Тома

ДЕСК

Закани кон членови на Избирачки одбори и вработени од кандидат за градоначалник – обвинува политичка партија

ДЕСК