21. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тешко повреден маж од Гостиварско, со мотоцикл излетал од коловоз

Вчера во 13 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавено е дека на крстосницата на улиците „Илинденска“ и „Седек Костовски“ во Гостивар мотоцикл со гостиварски регистарски ознаки управуван од 49-годишниот Л.Л. од гостиварско Чајле излетал од коловозот, извести СВР Тетово.

Во несреќата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, додаваат од СВР Тетово.

На местото на несреќата увид извршила екипа од гостиварското Одделение за внатрешни работи.

Можеби ќе ве интересира

Во петок температури до 38°C, а потоа ПРЕСВРТ – Следуваат значителни промени со времето, МЕТЕОЦЕНТАР со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

СДСМ: Кај Мицкоски се гледа паника од растечкото незадоволство кај граѓаните

ДЕСК

Во Скопје и околината: Пронајдени две мртви лица, едниот на 39-годишна возраст другиот на 50 – наредена обдукција

ДЕСК