26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Бојмацалиев: Јас и Тошковски сме различни – на 27 април јас бев вработен во Собрание и во прес-салата, а тој ги бранеше тие што нападнаа

„Јас секаде спомнувам неколку примери каде сме биле јас и Тошковски во различни ситуација, на пример јас на 27 април јас бев вработен во Собрание, еден од тие во прес-салата, а Тошковски беше еден од адвокатите кои ги бранеше тие на 27 април. Така што и од приватна и од професионална гледна точка сме многу различни“ рече дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во утринската програма на Клан.

Тој додаде дека сепак, на крајот треба да победат аргументите од правен аспект и од аспект на безбедноста на граѓаните.

Во врска со најавите за распоредување на дополнителни полицајци во Тетово и Гостивар од страна на техничкиот министер Тошковски, Бојмацалиев рече дека тоа е работа на директорот на Бирото за јавна безбедност, кој има златна команда.

„Тој ги носи одлуките, со колкаво присуство на полиција и каде ќе има. Доколку се појават информации кои локалниот штаб ќе ги прати до централниот од било кој град ќе се донесе одлука и ќе има засилено полициско присуство“ рече Бојмацалиев.