„Концептот на стабилна и безбедна земја, концептот на едно општество за сите ми се мотив плус, а од ова враќање назад нема, ќе продолжиме напред заедно со сите прогресивни сили. Цврсто верувам дека младите имаат клучна улога во сите овие процеси и ова е можност да покажеме дека младите можат да бидат голема свежина на политичката сцена во државата“ вели Агрон Демири, коносителот на листата на СДСМ за Изборната единица 6, за „24 инфо“.
Демири додава дека и на младите местото е во политиката и тие ги носат промените, а смета дека и главната цел е оние кои се на студии надвор од државата да се вратат во земјава.
„Верувам дека има простор за оние кои веќе ја напуштиле државата. Ќе работиме напорно за да ги вратиме во нивната земја и верувам дека заминувањето од земјата им послужи да стекнат доволно искуство за да го донесат во својата земја. Северна Македонија има ресурси и нуди можности за секој млад човек, без разлика дали е образован во професионални институции, неформални училишта или самоуки професии. Доволно е да го прошириме хоризонтот со знаење и да придонесеме за нашата земја“ додава Демири.
Според Демири, кој е магистрант по по право на Универзитетот на Југоисточна Европа, фокусот на овие избори ќе му биде да ги убеди младите и граѓаните воопшто дека нивниот глас е важен за иднината на државата.