15.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕХНОЛОГИЈА

Инстаграм повторно падна

Корисниците ширум светот повторно пријавуваат проблеми со Инстаграм.

Околу 14 часот и 55 минути, сајтот Down Detector забележа зголемување на бројот на пријави од корисници кои тврдат дека нивниот Инстаграм не работи.

Корисниците исто така известуваат дека ја добиваат пораката: „Нешто тргна наопаку. Има проблем и страницата не може да се вчита“.
Истиот проблем ни се појави кога се обидовме да отвориме линк до оваа социјална мрежа.

Инстаграм сè уште не се огласил во оваа прилика.